20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа 1 Мај во Грција нема да се движат бродовите и возовите

На 1 Мај во Грција нема да се движат бродовите и возовите

Бродовите и возовите во Грција нема да се движат на 1 мај поради штрајк, пишува весникот „Етнос“.

Службениците на компаниите ќе учествуваат во 24-часовниот штрајк, објавен на празникот на трудот од двата најголеми синдикати во земјата – на вработените во приватниот сектор (ГСЕЕ) и во државниот сектор (АДЕДИ).

Во штрајкот ќе учествуваат и работниците во електричната железница во Атина.

За 1 мај е планирана демонстрација пред зградата на Парламентот од прокомунистичкиот синдикат ПАМЕ.

Фериботните компании планираат вонредни маршрути и промена на распоредот за патување на фериботите со цел да се опслужат патниците.

Сите кои имаат билети за бродови до островите за 1 мај, се повикуваат да се поврзат со туристичките агенции. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП