25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД повеќе не е најголем трговски партнер на Германија

САД повеќе не е најголем трговски партнер на Германија

ger-kina3004

Во 2016-та година Кина за прв пат стана најголемиот трговски партнер на Германија, претекнувајќи ја САД, кои се поместени на трето место по Франција, покажуваат објавените податоци на статистичката служба со седиште во Визбаден, цитирани од „Ројтерс“ и медиуми.

Германскиот увоз и извоз за Кина се зголеми до 170 милијарди евра (180 милијарди долари) во минатата година, прецизира федералната статистичка служба.

Податоците најверојатно ќе бидат поздравени од германската влада, која се стреми да ја заштити светската слободна трговија, откако претседателот на САД Доналд Трамп се закани дека ќе стави царини на увозот, а висок негов советник ја обвинува Германија дека го искористи слабото евро, за да го зголеми извозот.

Германскиот заменик-канцелар Зигмар Габриел дури и предложи на ЕУ да се фокусира економската политика на Азија, ако администрацијата на Трамп го претендира протекционизмот.

Соседна Франција останала на второ место како трговски партнер на Германија со обем на трговијата, во вредност од 167 милијарди евра. САД се трети со 165 милијарди евра.

Во 2015-та година САД беше водечкиот трговски партнер на Германија, претекнувајќи ја Франција за прв пат од 1961-ва година благодарение на оживувањето на американската економија и слабото евро.

Комитетот за источноевропски економски односи кој ја претставува германската индустрија во Источна Европа, соопшти денеска дека очекува извозот за Русија да порасне за најмалку пет проценти во оваа година, што ќе биде прв пораст по воведувањето на западните санкции против Русија.

Ако се земе предвид само извозот, САД остануваат најголемиот клиент за продукцијата „Произведено во Германија“ во 2016-та година, така што увезле германски стоки за околу 107 милијарди евра.

Франција останува втората по важност извозна дестинација за германските стоки, а за минатата година се извезени стоки од 101 милијарди евра, покажуваат податоците. На трето место е Велика Британија, која направила увоз на германски стоки за 86 милијарди евра.

Германскиот извоз во Велика Британија е понапред од увозот од оваа земја со над 50 милијарди евра. На второ место според билатералниот трговски дефицит се САД – германскиот извоз е понапред од американскиот увоз со 49 милијарди евра.

Тоа значи дека Велика Британија и САД заедно покриваат околу 40 проценти од рекордниот германски трговски вишок на вредноста од 252,9 милијарди евра во 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП