24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-AMG подготви конкурент на Panamera

Mercedes-AMG подготви конкурент на Panamera

amgpana3

Компанијата „Mercedes-AMG“ ќе претстави на претстојниот автомобилски саем во Женева целосно нов седан. Како што пишува весникот „Autocar“, прототипот „GT4“ е подготвен во чест на 50-годишнината на „AMG“ и покажува како ќе изгледа идниот сериски автомобил на марката, подготвен за конкурент на Porsche Panamera.

Во основата на „Mercedes-AMG GT4“ е модуларната платформа „MRA“, која може да се користи за автомобили како со заден пренос, така и со погон на сите четири тркала. Во конструкцијата на седанот ќе бидат употребени најмногу алуминиум и карбон, што ќе помогне за постигнување на мала тежина.

Заедно со возилото ќе дебтира и ажурирана верзија на 4.0-литарскиот V8 мотор на „AMG“ со две високи турбини кои се наоѓаат во блокот на моторот. Агрегатот ќе се нуди во две варијанти, со најмоќниот кој ќе развива над 600 КС. Во подоцнежна фаза ќе излезе и модификација со V6 со турбо.

Новиот модел исто така ќе биде опремен со систем за погон на четири тркала од моделот „Mercedes-AMG E 63“, при што моќта ќе може да се пренесува и на задната оска. Ова се случува при одбирање на режимот од управувачката електроника.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП