28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАDow Jones го достигна новото рекордно ниво, десетти ден по ред

Dow Jones го достигна новото рекордно ниво, десетти ден по ред

dowjones112-large_600x400

На њујоршки Волстрит индексот Dow Jones во четвртокот го достигна новото рекордно ниво, десетти ден со ред, благодарејќи на растот на цените на акциите на енергетските компании и пораката на американскиот претседател Доналд Трамп дека во САД ќе врати милиони работни места.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,17 отсто, на 20.810 поени, S&P 500 индексот за 0,04 проценти, на 2.363 поени, а индексот Nasdaq, пак, падна за 0,43 отсто, на 5.835 индексни поени.

Новото рекордно ниво на индексот Dow Jones, во прв ред, доаѓа благодарејќи на растот на цените во енергетскиот сектор за 0,5 отсто, поради растот на цените на нафтата.

Позитивно на пазарите влијаеше и одлуката на претседателот Доналд Трамп на средбата со дваесетте директори на компании дека планира да врати во САД милиони работни места, иако подетално не појасни како има намера да ги прекине долгогодишниот тренд на намалување на работните места во индустријата.

„Досега видовме голем број состаноци со деловните челници и многу позитивни најави дека ќе се создаде подобра атмосфера за деловност. Некои најави од големите домашни компании, како и странски, им сугерираат на вложувачите дека настапила нова ера“, коментира на Reuters Брис Мекаин , стратег во компанијата „Key Private Bank“.

Се очекува дека Трамп ќе објави низа предлози коишто би требало да влезат во ползана компаниите, вклучително и намалувањето на даноците, зголемувањето на инвестициите во инфраструктурата и олабавување на регулацијата во некои сектори.

Благодарејќи на тоа, од почетокот на ноември кога Трамп победи на претседателските избори, S&P 500 индексот порасна за повеќе од 10 отсто и ги достигна највисоките нивоа во историјата. Сепак, последните денови се тргува внимателно, па индексите не растат позначително, бидејќи вложувачите чекаат конкретни предлози од администрацијата на Трамп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП