23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на акциите на азиските берзи забележаа пад

Цените на акциите на азиските берзи забележаа пад

aziski-berzi

Цените на акциите на азиските берзи во петок паднаа од највисоките нивоа во 19 месеци, најмногу во рударскиот сектор заради падот на цените на сировините, додека инвеститорите се обидуваат да откријат каква даночна и царинска политика ќе води Вашингтон.

На Токиската берза индексот Nikkei во 7:30 часот беше во минус 0,3 отсто, додека цените на акциите во Сингапур, Шангај, Јужна Кореја, Хонг Конг и Австралија паднаа меѓу 0,1 и 0,7 отсто.

Заради тоа MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во 7:30 часот беше во загуба 0,5 отсто, лизнувајќи се од највисокото ниво за 19 месеци.

Под најголем притисок утрово е рударскиот сектор бидејќи цените на суровините, најмногу на ѓелезото и бакарот, остро паднаа по неколкумесечен раст.

Инвеститорите се свнимателни и заради изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп во кои ја нарече Кина голем шампион на валутни манипулации.

На валутните пазари доларот ослабе, па неговиот курс во однос на јапонскиот јен се лизна на 112,85 јени, додека во четврток ова време изнесуваше 113,35 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па еврото се движи околу 1,0575 долари, додека вчера во овој период изнесуваше 1,0545 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП