28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд независноста досега во БиХ се инвестирани 6,1 млрд евра

Од независноста досега во БиХ се инвестирани 6,1 млрд евра

konvertibilne-marke-ilustra-718x446

Според последните податоци за странските инвестиции во БиХ, до 31. декември 2015 година директните инвестиции во Босна и Херцеговина од стекнувањето на независност изнесувале 12,2 милијарди конвертибилни марки (6,1 милијарди евра), се вели во соопштението на Централната банка на БиХ.

Во поглед на земјите од каде потекнуваат директните инвестиции во БиХ најмногу инвестици се реализирани од Австрија (2,5 милијарди КМ), Хрватска (2 милијарди), Србија (две милијарди) и Русија (0,98 милијарди КМ).

Најмногу е инвестирано во индустријата за преработка (3,6 милијарди КМ), финансискиот сектор и осигурување (3,2 милијарди) како и во секторот за комуникации (1,8 милијарди КМ).

Во последните 10 години најмногу прилив на директни инвестици се регистрирани во 2007 година, во износ од 2,6 милијарди, а најмалку во текот на 2009 година во износ на 352 милиони КМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП