19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКурсот за штедење му донесе добивка на Esprit

Курсот за штедење му донесе добивка на Esprit

esprit3353

Благодарение на силната програма за штедење, синџирот на модни стоки „Esprit“ повторно се врати во зоната на профитот, пренесува „Ројтерс“.

Во првото фискално полугодие Концернот со седиште во Ратинген, кој се тргува на берзата во Хонг Конг, оствари нето добивка од 7,4 милиони евра, објави ривалот на „H & M“ и „Zara“. Пред една година за истиот период беше генерирана загуба од 29 милиони евра, потсетува агенцијата.

За позитивните резултати силен придонес имаше затворањето на бескорисните филијали. Предвид слабоста на побарувачката во Кина биле затворени претежно филијали во не толку развиените области.

Истовремено рекламната активност во Азија била намалена. Кратењата сепак се одразуваат и на приходите кои спаѓаат со над 10 проценти до околу 1 милијарда евра.

Во Германија, најголемиот единечен пазар за компанијата, приходите опаѓаат околу 7 отсто до 360 милиони евра.

„Esprit“, слично на голем број трговци на модни производи, страда поради компликациите на пазарните услови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП