19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНе е крај, само што започна - подгответе се за шок!

Не е крај, само што започна – подгответе се за шок!

year-business-news-story-20151218

Цената на нафтата најверојатно ќе достигне 70 долари за барел до крајот на 2017-та, затоа што продолжува да се балансира понудата и побарувачката, според предвидувањата на американската банка „Ситигруп“.

Тоа зголемување, сепак, нема да биде постепено и ќе следи во подоцнежните месеци, проценува „Ситигруп“.

Од оваа банка очекуваат и позитивни ефекти од договорот на „ОПЕК“ за намалувањето на производството на нафта, кои неодамна соопштија дека во јануари се остварени 93 отсто од тој план.

Цените на нафтата се обновија поради намалувањето на резервите во САД.

Американската „лесна“ нафта (WTI) на берзата во Њујорк порасна за 1,3 oтсто на 54,3 долари за барел, додека северноморската „брент“ забележа раст од 1,4 проценти на 56,8 долари за барел на лондонската берза.

Податоците на Американскиот институт за нафта укажува на неделен план за пад на резервите на нафта од 884.000 барели, на пад на резервите на бензините од 893.000 барели и намалување на резервите на нафтени дестилати од 4,2 милиони барели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП