18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворање на саемот за традиционална храна и активен туризам „Ис(в)куси ја Македонија

Отворање на саемот за традиционална храна и активен туризам „Ис(в)куси ја Македонија

saem hrana3535

Во петок, во Рамстор – Скопје во 11 часот ќе се отвори дводневниот саем за традиционална храна и активен туризам „Ис(в)куси ја Македонија“.

Саемот „Ис(в)куси ја Македонија“ е организиран од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, во соработка со Рамстор Мол и Локалните акциски групи од пелагонискиот, вардарскиот, полошкиот и североисточниот плански регион.

Покрај изложувачите, на отворањето изјави ќе дадат Џејмс Стаин, директорот на УСАИД во Македонија, и Сибил Сутер Техада, амбасадорката на Швајцарија во Македонија.

Во делот за традиционална храна ќе се нудат преку 30 производи од рурална Македонија кои се ретко достапни во Скопје – крушевски локум, органски велешки мед, традиционални зачини, вина од мали тиквешки винарии и многу други. Во делот за активен туризам по намалени цени ќе се нудат преку 30 активни тури низ цела Македонија – посети на Кокино, тандем параглајдинг во Крушево, јавање коњи во Галичник, планински велосипедизам во Мариово и многу повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП