24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛЕ: Фиорентина елиминирана, испадна и Тотенхем

ЛЕ: Фиорентина елиминирана, испадна и Тотенхем

93166156758af6389e1db0221963958_w640

Фудбалрите на Борусија Менхенгладбах и Селта Виго се апсолутни херои на реванш натпреварите кои се одиграа во рамките на шеснесетинафиналето во Лига Европа.

Борусија Менхенгладбај ја елиминира Фиорентина, иако првиот меч на домаше терен го загуби со 1:0, а во реваншот во Фиренца, домаќинот по половина час игра стекна предност од 2:0 со головите на Калиниќ и Валеро.

Борусија до крајот на полувремето намали со голот на Стиндл од пенал, а потоа истиот играч израмни на 2:2 по две минути игра во второто полувреме. Истиот играч осум минути подоцна го постигна третиот гол со кој направи пресврт, а Кристенсен ја шокира Фиорентина со голот за 2:4.

Селта во Украина отпатува со негатива од 1:0 по првиот меч во Виго, но одигра фајтерски натпревар, а за упорноста беа наградени во 90.минута кога Гуидети избори пенал кој го реалзира Јаго Аспас и го однесе мечот во продолженија. Победата и пласманот во осминафиналето на Селта и го донесе Кабрал во 108.минута.

Резултати:
Османлиспор-Олимпијакос 0:3 (прв натпревар 0:0)
АПОЕЛ-Атлетик Билбао 2:0 (2:3)
Ајакс-Легија 1:0 (0:0)
Бешикташ-Хапоел 2:1 (3:1)
Рома-Виљареал 0:1 (4:0)
Зенит-Андерлехт 3:1 (0:2)
Копенхаген-Лудогорец 0:0 (2:1)
Фиорентина-Менхенгладбах 2:4 (1:0)
Генк-Астра 1:0 (2:2)
Лион-АЗ Алкмар 7:1 (4:1)
Шахтјор-Селта 0:2 (1:0)
Спарта-Ростов 1:1 (0:4)
Тотенхем-Гент 2.2 (0:1).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП