28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДиректорот на МЖ Транспорт поднесе оставка

Директорот на МЖ Транспорт поднесе оставка

nikola-kostov-zeleznici

Генералниот директор на „Македонски железници – Транспорт“, Никола Костов, поднесе оставка на функцијата, откако една недела вработените се во штрајк поради неисплатени плати.

Поради штрајкот, патничкиот и товарниот железнички сообраќај во македонија шест дена се во прекин.

Владата, во среда, одлучи да ѝ исплати директна помош од 70 милиони денари на компанијата, за непречено функционирање и за надминување на проблемите, но железничарите велат се уште не добиле пари.

Порачаа дека штрајкот ќе го прекинат кога во целост ќе се исплати јануарската плата.

Костов на оваа функција беше две години. За директор беше назначен во февруари 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП