16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗItaldesign направи конкурент на Audi R8 (фото)

Italdesign направи конкурент на Audi R8 (фото)

italydizajn 00

Работилницата „Italdesign“ го претстави првиот модел од својот бренд – „Italdesign Automobili Speciali“ кој ќе се занимава со производство и продажба на автомобили во мали серии. Тоа е суперавтомобил со 2 врати и V10 мотор со 610 КС кој е поставен во средината.

Компанијата ќе понуди вкупно 5 автомобили од овој модел, чија модуларна шасија е направена од карбон и алуминиум. Машината е опремена со истиот 5,2-литарски мотор, кој се наоѓа во „Lamborghini Huracan“ и „Audi R8 plus“. Тој е комбиниран со систем за погон на четири тркала „quattro“.

itauto

Атмосферскиот мотор развива 560 Nm вртежен момент, кој овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 3,2 секунди. Максималната брзина на возилото е 330 км/ч, со што овој показател тој е целосно еднаков на конкурентот – „Audi R8“.

Целата каросерија на возилото е направена од карбон, а на неа се поставени бројни аеродинамични елементи. Меѓу нив се фиксно антикрило во задниот дел, странични „крилја“, отвори за воздух пред задните тркала и огромен дифузер со интегрирани цевки на издувниот систем.

itauto1

И петте примероци од овој модел ќе бидат произведени во фабриката на студиото во Торино со сопствени средства. Цената на „Italdesign V10“ е фиксна – 1,5 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП