19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБританската банка „Barclays“ се врати кон профит

Британската банка „Barclays“ се врати кон профит

barclays4300

Британската банка „Barclays“ се врати кон годишна нето добивка од 1,6 милијарди фунти (1,99 милијарди долари), или 3,2 милијарди фунти (3,98 милијарди долари) пред даноците, а нејзините менаџери изјавија дека остануваат само неколку месеци до завршување на програмата за реструктуирање.

Банката објави дека нејзините приходи паднаа за 3% во текот на годината до 21,5 милијарди долари, додека банката продолжува да го собира својот бизнис. Нето добивката била поддржана од повисоките приходи од инвестициското банкарство на „Barclays“, претежно од трговијата со обврзници, како и од стрмниот пад на правните трошоци.

Акциите на банката, која забележа загуба од 394 милиони фунти. Во 2015-та година, поскапеа за 3% во раната трговија.

Главниот извршен директор Џес Стејли изјави дека целокупното реструктуирање што тој го започна во банката во минатата година, се приближува кон својот крај. „Само неколку месеци сме од завршување на реструктуирањето на „Barclays““, рече тој во изјавата.

Под водство на американскиот банкар „Barclays“ го намали своето присуство во Африка и Азија и се фокусира најмногу на британските и американските операции.

Кога ја започна својата стратегија, Стејли реши и да се обложи на тешкото инвестициско банкарство на банката. Оттогаш делот поддржува силно профитот на „Barclays“.

Приходите од корпоративното и инвестициското банкарство за годината се зголеми за 6% до 10,5 милијарди фунти како резултат на трговијата со обврзници и поволните девизни курсеви. Инвестициските банки во САД, исто така заработија од пазарната нестабилност по победата на Доналд Трамп за претседател на САД, британското гласање за излез од Европската унија и изгледите за зголемување на каматните стапки. Приходите од инвестициско банкарство на „Barclays“ сепак се намалиле во четвртиот квартал.

Приходите од британскиот бизнис на мало се зголемиле за 2% за годинава.

Лошите кредити во целина се зголемија за 38% во текот на годината, главно поради бизнисот на банката со кредитните картички надвор од Велика Британија.

Barclays откри дека вкупните бонуси се намалени за 1% до 1.53 милијарди фунти за годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП