29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо поголемо младинското учество до силни совети на млади

Со поголемо младинското учество до силни совети на млади

sega333

Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со Агенција за млади и спорт започна со имплементација на проектот „Учество на младите во процесот на донесување на одлуки“.

Целта на овој проект е да се подобри функцијата и улогата на веќе постоечките Совети на млади во следните општини: Кавадарци, Штип, Св Николе, Теарце, Радовиш, Струмица, Неготино, Гази Баба, Град Скопје и Прилеп и на тој начин да се влијае на подобрување на младинското учество во демократскиот живот.

Првата активност на проектот е Национална работилница со наслов „Како до зголемување на младинското учество преку зајакнување на функцијата на Советите на Млади“ која се одржа во Скопје. Целта на оваа работилница е да се соберат мислења за состојбата на младинското учество на локално ниво, учесниците да отворат дискусија за функционирањето на веќе постоечките Локални Совети на Млади како и да дадат препораки за начините на нивно подобрување.

„Активностите кои ги спроведуваме во овој проект и дискусиите кои ќе ги организираме треба да дадат јасни препораки за тоа како да се зголеми младинското учество преку зајакнување на функцијата на Советите на Млади. Вклучувањето на сите засегнати јавности во структурен дијалог ја покажува нашата вистинска желба и потреба да се унапреди овој процес во кој ќе сите релевантни страни ќе дадат свој активен придонес“, вели Зоран Илиески, извршен директор на Коалиција СЕГА.

„Неопходно е назначување на контакт лица, односно одговорни лица во општините за функционирањето на Советите на млади, кои што ќе им овозможат помош и поддршка и ќе го овозможат нивното учество во процесите на донесување одлуки“, рече Зорица Стаменковска, Агенција за млади и спорт.

Проектот се спроведува со поддршка од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата Еразмус+, Клучна Акција 3 (Структурен дијалог).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП