29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai го покажа караванот i30 (фото)

Hyundai го покажа караванот i30 (фото)

i30-tourer-0480

Компанијата „Hyundai“ објави фотографии и официјални информација за новата генерација на моделот „i30 Wagon“. Светската премиера на караванот ќе се одржи за време на автомобилскиот саем во Женева, кој ќе започне во почетокот на март.

Должината на возилото е 4585 мм, што е за 245 мм повеќе од хечбекот „i30“. Висината е од 1465 мм, широчината е 1795 мм и растојанието помеѓу двете оски е 2650 мм, а тие се исти како кај стандардниот модел. Багажниот простор има волумен од 602 литри, а при навалување на задните седишта тој достигнува до 1650 литри.

i30-tourer-0481

Опремата на караванот е идентична со онаа на хечбекот. Таа вклучува индикациска оптика, систем за екстрено запирање и задржување во лентата на движење, интелектуален крус-контрол, систем за следење на мртвите зони, функција за контрола на заморот кај возачот и автоматско менување на светлата.

Покрај тоа „Hyundai i30 Wagon“ располага со мултимедијален комплекс со 8-инчен екран на допир и поддршка на „Apple CarPlay“ и „Android Auto“, безжичен полнач за паметни телефони, како и камера за рикверц.

i30-tourer-0482

Во Европа караванот ќе се појави со 3 бензински турбомотори – 1,0-литарски „T-GDI“ со 3 цилиндри, како и 1,4-литарски „T-GDI“, кои развиваат 120 и 140 КС. Достапен и 1,6-литарски дизел во три варијанти на моќност – 96, 110 и 133 КС. Менувачите се 6-брзински мануелен и 7-степен автоматски со две спојки.

Производството на новиот „Hyundai i30 Wagon“ ќе се одвива во фабриката на Корејците во Чешка, каде што се составува и хечбекот. Датумот на стартот на продажбата се уште е непознат.

i30-tourer-0483

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП