25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали и вашиот шеф е скржав?

Дали и вашиот шеф е скржав?

boss-saving-money

Односот помеѓу вас и вашиот шеф е навистина солиден, вие одлично комуницирате, пријателски сте настроени и досега сте немале никакви проблеми, но….. понекогаш некои шефови, без разлика на пријателството со вас и без разлика на сето тоа што ви го ветиле на почетокот, се скржави.

Дали и вашиот шеф е премногу скржав?

1. Прекумерна работа. Од вас очекува да ги завршувате сите задачи на време, но тоа често бара останување после работното време. Екстра саатите се редат во вашата евиденција, а вие добивате само пофалби. Како да покажете дека не се може без вас? Земете одмор една недела, тогаш тој ќе почувствува како е кога вас ве нема.

2. Од покачување ни трага ни глас. Веќе сте ветеран во фирмата, но и покрај сите ветувања дека за еден месец, два или пола година ќе добиете поголема плата, за вас сеуште нема унапредување ни покачување на платата. Можеби е време да ја промените работата? Разговарајте со шефот, кажете му дека имате понуди за подобра работа. Ако навистина му значите и има потреба од вас, ќе го добиете она за што сте таму.

3. Групни излегувања. Сите посериозни компании организираат тимско дружење надвор од работата. Но, ако вашиот надреден бара ваша партиципација во аранжманот, време е да се побуните.

4. Подароци, бонуси… Многу е веројатно дека фирмата не ви подарува ништо за вашиот роденден, дека немате награди за вработен на месецот, ниту пак новогодишни бонуси…

Дали вашиот шеф со неговата скржавост ве заслужува вас за работник?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП