28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританци изготвуваат физибилити студија за Универзитетскиот кампус во Велес

Британци изготвуваат физибилити студија за Универзитетскиот кампус во Велес

CEL-global-Veles-na-teren

ДТЗ има присуство во 208 градови во 52 земји во светот и е број еден советник за недвижнини во Кина. Еден од клиентите на оваа компанија е и Yahoo.

 

Скопје (29.04.2013) – Реномираната компанија ДТЗ од Велика Британија изготвува физибилити студија за Универзитетскиот кампус во Велес. Претставници на компанијата изминатите неколку дена ги разгледуваа можностите и инфраструктурата на езерото Младост во Велес каде е планирана изградба на кампусот.

„Ја избравме оваа компанија, која е светски лидер во менаџментот со имот и има значително искуство со советување на клиенти на едукативни проекти. Менаџерот на ДТЗ, Ричард Колинс, истакнат професионалец во доменот на развој на универзитети и едукативни кампуси е предводник на тим од професионалци, со цел подготовка на овој физибилити извештај. Неговото искуство е со едукативни проекти низ Европа, Блискиот Исток и Кина. Со тоа започна целиот процес на реализација на идејата за Универзитетски кампус.“- изјави Гаурав Семвал од CEL Global, компанијата одговорна за имплементација на проектот.

CEL-global-Veles-na-teren (2)

ДТЗ е присутна во 208 градови во 52 држави и претставува број 1 консултант за недвижности во Кина. Еден од клиентите на оваа компанија е и Yahoo!.

За Универзитетскиот кампус во Велес досега има интерес од неколку реномирани високообразовни институции од Британија. CEL Global планира целосна имплементација на едукативен концепт кој опфаќа детска градинка, средно училиште и на крајот, едукативниот проект Универзитетски град во Велес. Градинката ќе започне со работа во септември во населбата Тафталиџе во Скопје. Сеуште е во тек потрагата по соодветна локација за средното училиште.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП