19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали на Италија и е потребен пакет помош?

Дали на Италија и е потребен пакет помош?

italija2

Италија би можела да побара пакет помош, и покрај формирањето на новата влада и избегнувањето на кризата, соопштија денес од американската агенција за кредитен рејтинг „Moody`s“.

„Сеуште не можеме да ја отфрлиме можноста дека Италија ќе побара помош од Европската централна банка и Европскиот стабилизационен механизам“, изјави Дитмар Хорнунг од „Moody`s“.

Премиерот на новоформираната италијанска влада Енрико Лета, вчера положи свечена заклетва, а денес за неговото именување ќе се изјасни парламентот.

Хорнунг изјави дека „Moody`s“ ќе ја следи способноста на новата влада во реорганизација на економијата.

„Ќе мора да ја провериме посветеноста на новата влада и нејзината способност одлучно да ги следи структурните реформи кои и се потребни на земјата за да ја подобри кредитната способност“, изјави Хорнунг и додаде дека ситуацијата во моментот е многу тешка.

„Moody`s“ соопшти дека го задржал кредитниот рејтинг на Италија на „Баа2“, благодарение на разумно ниските трошоци за финансирање на земјата и нејзиниот примарен суфицит.

„Moody`s“, сепак, ја задржа негативната прогноза за рејтингот на земјата поради континуираната економска криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП