19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei го претстави Honor V9

Huawei го претстави Honor V9

akk3

„Huawei“ официјално го претстави новиот паметен телефон, моделот „Honor V9“.

Новиот уред се истакнува со дебелината од 6,97 милиметри и „Kirin 960“ чипот кој се состои од четири „Cortex-A73“ и четири „Cortex-A53“ јадра, кои работат на максимален такт од 2,3 GHz, како и „Mali-G71“ графика.

Тука е уште и 5,7-инчниот „LCD“ екран со резолуција од 2560 x 1440 пиксели, 4 односно 6 GB RAM, како и 64 и 128 GB интерна меморија (во зависност од моделот). Батеријата има капацитет од 4000 mAh и покрај споменатата дебелина на уредот.

На задната страна на уредот се ноаѓа и веќе практичниот читач за отпечатоци на прстите, но и двојна 12-мегапикселна камера (едната леќа нема „Бајеров“ филтер), со двоен „LED“ блиц, со отвор од f/2.2, ласерски автофокус и можност за снимање на „3D“ фотографии. За селфи фотографии на располагање е 8-мегапикселна камера.

akk4

Oперативниот систем е „Android 7.0 Nougat“ во комбинација со интерфејсот „EMUI 5.0“. Верзијата со 4 GB RAM и 64 GB интерна меморија во Кина ќе се продава по цена од околу 413 евра, додека моделот со 6 GB RAM и 128 GB интерна меморија ќе чини околу 482 евра.

На официјалното претставување е прикажан „Honor V9“ во црвена боја, а истиот уред ќе биде достапен во златна, црна и сина боја. Иако во Кина, каде неговата продажба ќе започне на 28-ми февруари, познат под името „Honor V9“, на одредени светски пазари ќе се појави под името „Honor 8 Pro“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП