29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕлектричниот Golf зa 2017-та: Повеќе моќ, поголема автономија (фото)

Електричниот Golf зa 2017-та: Повеќе моќ, поголема автономија (фото)

egolfka 00

Покрај редизајнот кој е извршен по примерот на другите верзии од семејството на „Golf“ моделот, „Volkswagen“ ги подобри и техничките карактеристики и перформанси на „e-Golf“.

Намето погонската батерија со капацитет од 24,2 kWh, вградена е поголема од 35,8 kWh. Благодарејќи на тоа, e-Golf ја зголеми автономијата на возење која според „NEDC“ стандардот сега изнесува 300 km.

egolfka 01
Со оглед дека проценките кои ги објавува „NEDC“ обично се малку пооптимистички затоа што се однесуваат за идеални услови во сообраќајот, се очекува дека електричниот „Golf“ во реални услови на возење без проблеми може да помине околу 200 km пред да се испразнат батериите.

egolfka 02

„E-Golf“ сега стандардно е опремен со нов, „Discover Pro“ мултимедијален систем со 9,2 инчен екран. Овој систем меѓу останатото поддржува и команди со гестови.

egolfka 03

Покрај тоа, „VW“ ги подобри и содржините кои се однесуваат на безбедноста во возењето. Електричниот „Golf“ е опремен со широк спектар на системи за асистенција, како што се „Front Assist“, „City Emergency Braking“ и „Pedestrian Monitoring“.

egolfka 04

Во споредба со верзијата пред редизајнот, електромоторот добива дополнителни 20 коњнски сили, па сега испорачува 136 ks (100 kW), a aвтомобилот од 0 дo 100 km/h забрзува за 9,6 секунди.

egolfka 05

„E-Golf“ во Германија ќе се продава по цена од 35.900 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП