20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМестата кои привлекуваат милионери

Местата кои привлекуваат милионери

sidneh33

Во 2016-та година 82.000 милионери ја напуштиле својата татковина и се преселија во друга земја, покажуваат податоците на „New World Wealth“, цитирани од „CNBC“. Нивниот број се зголемува значително од 2015-та година, 64.000 милионери ја напуштиле својата земја.

Земјите кои привлекуваат најмногу богаташи се Австралија, САД и Канада, следени од Нов Зеланд. Според истражувањето на организацијата во Австралија минатата година се преселија 11.000 милионери. САД ја избраа 10.000 милионери, а Канада – 8.000.

Земјите од кои бегаат најбогатите се Франција (12.000), Кина (9.000), Бразил (8.000), Индија (6.000) и Турција (6.000).

Традиционално, САД ги привлекува богатите луѓе, но во последните години Австралија успева да привлече повеќе милионери, особено од Индија и Кина, дополнува „CNN“. Зелениот континент се смета како сигурно место за одгледување на деца, со стабилен здравствена систем и е географски изолиран од кризите во Блискиот Исток и бегалскиот бран во Европа.

Во прилог е тоа што Австралија е и добро место за водење бизнис.

Според „New World Wealth“ всушност главната причина поради која милионерите ја напуштат земјата, е прво можноста за подобро образование за децата, а на следната – личната безбедност. Подобрата клима и здравствен систем се исто така фактори при изборот на новото место за живот.

Богаташите бегаат од Франција главно поради високите даноци, како и поради растечката тензија во земјата, покажува уште студијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП