29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТЕТЕКС АД Тетово со добивка од над еден милион евра

ТЕТЕКС АД Тетово со добивка од над еден милион евра

teteks

ТЕТЕКС АД за периодот јануари-декември 2016 година оствари добивка по оданочување од 62.421 илјади ден. искажана во неревидираниот единечен Биланс на успех.

Остваренитe оперативни приходи во 2016 год. бележат зголемување во однос на 2015год.за 30%.што се должи на зголемување на приходите  од продажба, зголемување на капитализираното сопствено производство како и на останатите оперативни приходи, во кои  вклучени приходите од продажба на недвижност- сопственост на ТЕТЕКС АД.

Влијание врз финансискиот резултат во 2016год.имаа приходите од вложувања во износ од 21.884 илјади , кои произлегуваат од  вложувањата на ТЕТЕКС АД во  ТТК банка АД Скопје; Петролгас ДОО –Тетово ;Македонија турист и Алкалоид Скопје.

Оперативните расходите изнесуваат 320.484 илади.

Трошоците за суровини и материјали се зголемени  за 13%, а трошоците за услуги се намалени за 10%. Намалување бележат трошоците за вработени за 5%.

Вредносното  усогласување на  побарувања постари од 3 години во 2016год. е 12.051 илјади; додека пак вредносното усогласување на некурентни залихи изнесува 10.048 илјади денари.

Во 2016год. беше исплатено дивиденда во вкупен износ од  41.417 илјади што претставува 100,00 денари  бруто дивиденда по акција.

Во 2016 год. кредитното  задолжување е нула, што значи финансирањето на    целокупното   работење е од сопствени средства.

Во билансот на состојба позначајно отстапување се јавува кај позициите вложувања во недвижности и залихи. Тоа се должи на евидентирањето на недвижностите наменети  за продажба , кои во претходниот период беа класифицирани како вложувања во недвижности, а во тековниот период се во евидентирани во тековни средства.

ТЕТЕКС АД во постоечките услови на работење перманентно ги испитува трошоците на работење и настојува да го подобри  квалитетот на продукцијата како би ги задоволил очекувањата на  купувачите, акционерите, вработените и добавувачите.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП