28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФондот за здравство поблиску до пензионерите

Фондот за здравство поблиску до пензионерите

fondot

Директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани беа во посета на сојузот на пензионери и одржаа работна средба со претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија Драги Аргировски и со претставници од Сојузот на пензионери на Македонија.

Тема на разговор на оваа средба беше проектот на Фондот за здравство – поблиску до пензионерите и агендата за одржување на едукативните работилници за 2017 година. Претставниците на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија информираше за темите кои се од посебен интерес за пензионерите, како што се лековите без доплата на товар на Фондот, правата од здрваствено осигурување, специјализираната медицинска рехабилитација и други нови услуги на Фондот.

Вземно се утврди дека од огромна корист на членовите на Сојузот на пензионери ќе биде да се продолжи со организацијата на едукативни работилници со едукатори од Фондот под наслов „Фондот поблиску до пензионерите“. Овие едукативни работилни ќе се одржуваат на територијата на цела Македонија во текот на цела 2017 година. Планирано е да се одржат 30тина работилници во сите градови во Р.Македонија. Распоредот и форматот на овие едукативни работилници ќе биде наскоро утврден и усогласен помеѓу Фондот и Сојузот на пензионери и сите заинтересирани ќе бидат навремено информирани за времето и местото на одржување на едукативните работилници за пензионерите.

Директорот Стефаноски на почеток на работилницата го истакна своето задоволство од одличната соработка што Фондот ја има со Сојузот на пензионери на Македонија. Фондот за здравствено осигурување полага исклучително внимание на соработката со здруженијата на пациенти и од воспоствувањето на таквиот урнек на соработка, Фондот изгради не само заедничка доверба туку и меѓусебна почит, бидејќи целта е иста, квалитетни здравствени услуги, задоволни пациенти. Стефаноски констатираше дека токму пензионерите се квалитетен опсерватор на здравствениот систем во целост, не само во Македонија, туку насекаде во светот и искажа благодарност до Сојузот на пензионери на Македонија поради нивната посветеност и квалитетни предлози од сферата на здравството и нивната конструктивна улога во изнаоѓање на поефикасни решенија кои се од корист на пациентите.

Директорот Рамадани потенцираше дека Фондот вложува во едукација на своите осигуреници и токму овие едукативни работилници имаат за цел да го зголемат нивото на информираност на пензионерите за своите права од здравствено осигурување како и за лековите кои се на позитивна листа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП