23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПроизводителите на оваа течност тврдат дека вашиот екран ќе биде неуништлив (видео)

Производителите на оваа течност тврдат дека вашиот екран ќе биде неуништлив (видео)

skrsen ekran 00

„ProtectPax“ e проект на двајца германски научници кои направиле иновативна невидлива заштита за сите стаклени површини.

Нивната формула на т.н. течно стакло се состои од наночестички од титаниум диоксид кој ги пополнува неправилностите и вдлабнувањата во стаклото со нанометриски размери, па така се зацврствува создавајќи тенок невидлив заштитен слој.

Со цел да го заштитите екранот на телефонот или таблетот, потребно е само да го намачкате со неколку капки од оваа течност и да ја нанесете со ткаенина.

Tака применетата заштита има рок на траење од речиси една година, а екранот ќе го заштити од удари, грeбнатинки, пукнатинки, дамки, па дури и вода. Стаклото кое е третирано од „ProtectPax“ ќе биде тврдо како сафир или рубин, велат неговите творци.

„Crowdfunding“ кампањата на „Indiegogo“ трае уште 23 дена, а веќе ја исполни и надмина целта од 20.000 долари.

Почетната цена од две пакувања „ProtectPax“ изнесува 17 долари, а испораките би требало да започнат во април оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП