20 април, 2024
ПочетнаДИЕТИСпортска диета

Спортска диета

01-signs-healthy-fats-mufa-1-800x445

И покрај тоа што ретко спортистите и оние луѓе што се физички активни, имаат проблеми со телесната тежина, сепак, ако сакаат малку да ја намалат својата тежина им се препорачува оваа диета.

Трае 2-3 недели и опфаќа дневно мени од 1500 калории од кои 18 % белковини, 55 % јагленихидрати и 27 % масти. Се предлага следново мени:

Појадок: 1 голема шолја обрано млеко со 3 лажици интегрални житарки

Ужинка: 3 киви

Ручек: 90 гр тестенини со тиквици и магдонос, салата од 300 гр домати и 1 здела овошна салата од свежо овошје.

Ужинка: 1 јогурт со агруми

Вечера: 250 гр супа од зеленчук, 140 гр бела риба со салата, 1 земичка

Дозволена е употребата на 2 лажици маслиново масло во текот на целиот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП