25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНето добивката на BHP Billiton е зголемена за речиси 8 пати

Нето добивката на BHP Billiton е зголемена за речиси 8 пати

bhpbilliton33

Гигантот „BHP Billiton“ ги награди акционерите со поголема од очекувањата дивиденда во позадина на зголемувањето на цените на суровините, соопштува „Ројтерс“.

Најголемата рударска компанија во светот забележа речиси 8 пати зголемување на основната нето добивка за првото полугодие до 3,24 милијарди долари од 412 милиони долари пред една година, а за малку ќе се реализираа прогнозите на пазарот за 3,4 милијарди долари. „BHP“ најави дивиденда од 40 центи за првото полугодие во однос на 16 центи пред една година.

„Тоа се добри резултати кои доаѓаат по неколку години на обмислен и фокусиран пристап кон подобрување на продуктивноста и промена на портфолиото и оперативниот модел“, изјави главниот извршен директор Ендрју Мекензи.

Резултатот следува по неочекуваното поскапување на суровините во 2016-та година, со оглед на обновената побарувачка од Кина, што предизвика неочекувани добивки за рударските компании. Цената на железната руда се крена со над 80%, а јагленот со 300%.

„BHP“ рече дека Бордот е зголемен со преодна дивиденда со 10 центи над бараниот минимум, што е над прогнозата на аналитичарите за 34 центи.

„Очигледно тие се доволно сигурни каде се наоѓа цената на железната руда во моментов. Повторно има рамнотежа“, вели инвестицискиот директор во „Argo Investments“, Енди Фостер.

„BHP“ рече дека го намалила нето долгот до 20,1 милијарди долари од 26,1 милијарди долари на 30-ти јуни 2016-та година.

Приходите од екстракција на железна руда – најголемата поделба на „BHP“ биле поддржани од раст од 28% на продажната цена на рудата во периодот.

Пазарот на железна руда, сепак најверојатно ќе се покаже под притисок во краток рок поради доцнењето на растот на побарувачката на челик од Кина, високите залихи на пристаништата и зголемената понуда на пониски цени, предупреди „BHP“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП