20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNASA најавува откритите надвор од Сончевиот систем

NASA најавува откритите надвор од Сончевиот систем

planeta3505

Американската вселенска агенција (NASA) најави за 22-ри февруари голема конференција за новинарите на која ќе соопшти најнови откритија надвор од Сончевиот систем.

Британски „The Independent“ денес објави вест за овој настан на кој ќе се „претстават откритија за бројни информации за егзопланетите“ – планети кои кружат надвор од Сончевиот систем, односно чија траекторија се наоѓа околу ѕвезда која не е Сонцето. За жал, јавноста е лишена од повеќе детали за тоа што се ќе биде прикажано на оваа конференција.

Егзопланетите моментално претставуваат вселенски тела кои имаат високи очекувања кога станува збор за живот во далечната вселена, затоа што за многу од нив се покажа дека не личат на нашата Земја, и може да содржат главни блокови за основен живот, а со текот на времето научниците откриваат се повеќе вакви планети.

Конференцијата на „NASA“ ќе биде пренесувана во живо, а се очекува дека на неа ќе присуствуваат астрономи и научници од целиот свет. „NASA“ најави дека публиката ќе може да поставува прашања за време на преносот, користејќи го хаштагот #AskNasa, a по конференцијата ќе биде отворена и „AMA“ (Ask Me Anyhing) дебата на страната www.reddit.com.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП