19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите и Турците продолжуваат - „расте“ Турскиот тек

Русите и Турците продолжуваат – „расте“ Турскиот тек

621863_pipes-1746296-1920_f

Рускиот „Gazprom“ соопшти дека компанијата „South Stream Transport“ со „Allseas Group“ потпишала договор за изградба на вториот подводен крак од гасоводот Турски тек.

Документот е потпишан врз основа на договорот од 2016 година, кој подразбира реализација на првиот крак од гасоводот, како и можност за изградба на втор, пишува Спутник.

Исто така се наведува дека и при израдбата на вториот гасовод компанијата „Allseas“ ќе го користи бродот „Pioneering spirit“, како што тоа беше случај и при изградбата на првиот крак.

Русија и Турција на 10-ти октомври минатата година потпишаа документ со кој е започната изградбата на Турскиот тек, а чија изградба ќе ја спроведува „South Stream Transport“. Документот подразбира изградба на два крака магистрален гасовод по дното на Црното море, со вкупен капацитет од 31,5 милијарди кубни метри гас годишно.

Еден крак ќе биде наменет за турскиот пазар, додека другиот крак ќе пренесува гас преку Турција во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП