18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот зајакнат, нафтата стабилна, азиските берзи со благ раст

Доларот зајакнат, нафтата стабилна, азиските берзи со благ раст

aziski-berzi

На повеќето азиски берзи во вторникот цените на акциите благо порасна, но се тргува претпазливо бидејќи нема вести кои позначително би ги поттикнале вложувачите, додека американскиот долар зајакна.

На Токиската берза индексот Nikkei во претпладневното тргување по европско време беше во плус од 0,6 отсто, додека цените на акциите во Шангај и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,3 и 0,9 отсто. Берзанските индекси во Австралија, Хонгконг и Сингапур, пак, се лизнаа меѓу 0,1 и 0,2 процента, додека MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше во добивка од 0,2 отсто и се движи во близина на највисокото ниво во последните 19 месеци.

Мирното тргување е последица на помалиот обем и недостигот од насоки од њујоршки Волстрит, каде што во понеделникот не се работеше поради празниците.

Меѓутоа, пазарите ги поддржуваат макроекономските податоци кои укажуваат на јакнењето на економиите во регионот, особено на кинеската, што долго време ги загрижуваше вложувачите поради забавениот раст.

Инвеститорите до неодамна стравуваа дека евентуалните протекционистички мерки на американскиот претседател Доналд Трамп може да го запрат кинескиот економски раст, но во последно време од Вашингтон не се споменува воведување царини на увозот на кинеските стоки.

Од друга страна, пак, пазарите ги поддржуваат најавите на Трамп дека ќе ги намали даноците, ќе ја зголеми фискалната потрошувачка и ќе ги олабави регулациите во поедини сектори, што би требало да го поттикне растот на американската економија, најголемиот извозен пазар за азиските компании.

Позитивно на пазарите влијае и стабилноста на цените на нафтата. Во вторничното рано претпладневно тргување цената на барелот на американскиот пазар зајакна за 0,6 отсто, на 53,70 долари. На лондонскиот пазар, пак, цената на барелот се движи околу 56,25 долари, додека во понеделниот во истиот период од денот изнесуваше 55,75 долари.

А на валутните пазари американскиот долар зајакна, на неговиот курс во вторникот утрото достигна 113,60 јени, додека вчера во истиот период од денот изнесуваше 113,10 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна од вчерашните 1,0610 на 1,0585 долари,. Слабоста на еврото во прв ред е последица на неизвесноста во пресрет на пролетниве претседателски избори во Франција, каде на анкетите води челничката на крајната десница Марин Лепен која ветува прво излегување од еврозоната и враќање на националната валута, па можеби и од Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП