19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАAкциите на Технометал Вардар беа најинтересни за купувачите

Aкциите на Технометал Вардар беа најинтересни за купувачите

berza-25533

Стартот на новата трговска недела го одбележа вкупен промет на берзата од над 11,5 милиони денари реализирани преку 45 трансакции.

Безмалку половина од остварениот промет денес припадна на блок трансакциите со акции издадени од Технометал Вардар Скопје со вкупен износ од 5,1 милиони денари.

На прво место по остварен промет во класично тргување денес се најде обврзницата од тринаесеттата емисија (РМДЕН13), со која во само две трансакција беа истргувани вкупно 47.348 лотови по просечна цена од 95 отсто од номиналната вредност.

Помеѓу „милионерите” беа и акциите на Комерцијална Банка со 1,89 милиони денари и истргувани вкупно 643 акции по просечна цена од 2.935 денари
И во понеделникот продолжи падот на МБИ10, корекција од 0,72 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП