19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Кои се aкцииите кои најмногу поскапеа во последните 5...

График на денот: Кои се aкцииите кои најмногу поскапеа во последните 5 години?

najakcii 00

„Amazon“, „Netflix“ и „Tesla“ се компаниите кои благодарение на акциите сигурно ги направиле акционерите многу побогати во последните пет години. Има една компанија, сепак, која се претставува многу подобро од другите, а дури не е во технолошкиот сектор, коментира „MarketWatch“.

Според податоците на „FactSet“ акциите на онлајн доверителот „LendingTree“ поскапеле со 1562% во последните пет години, надминувајќи ги сите други компании во Северна Америка. Во моментов тие се тргуваат за 117,95 долари по акција. „FactSet“ ги испитува глобалните пазари на акции, кои се со над 5 долари, на компании со пазарна капитализација од најмалку 500 милиони долари за периодот од февруари 2012-та до сега.

Онлајн доверителот го искористил обновувањето на економија на САД и зголемената побарувачка на кредити. Акциите се доста под рекордното ниво од речиси 150 долари по акција од минатата година, но „LendingTree“ се уште е лидер во регионот за овој индикатор, надминувајќи ги компанијата за хипотекарен софтвер „Ellie Mae“ и производителот на ветеринарни производи „Heska“ кои се на второто и третото место според растот во рамките на временскиот период.

„LendingTree“ сепак се покажува доста поназад од компанијата со најголем раст во Европа, кога ги разгледуваме акциите на глобално ниво, забележува „FactSet“. Цената на акциите на данската биотехнолошка компанија „Genmab“ скокнала со извонредни 2568%, со што ги засени сите останати.

Што се однесува до другите региони, во Латинска Америка лидер е бразилската енергетска компанија „Equatorial Energia“ чии акции поскапеле со 160% за пет години. Во Азија прехранбениот гигант „SPC Samlip“ забележа раст на цената на акциите од 1327%. Интернет и медиумската група „Naspers“ е број еден во Африка со поскапување од 224%, а „Domino’s Pizza“ е победник во Пацификот, откако нејзините акциите поскапеле со 505%.

najakcii 01

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП