Ирак и Иран потпишаа меморандум за разбирање и реализација на студијата за изводливост на градењето на нафтовод.
Овој нафтовод би извезувал сирова нафта од северноиранското наоѓалиште Киркук преку Иран, се наведува во соопштението на ирачкото министерство за нафта.
Меморандумот во Багдад го потпишаа министрите за нафта на двете земји, пренесува агенцијата Ројтерс.
Со тој документ, исто така, се повикува на формирање на комисија која би била задолжена за решавање на судирите по повод заедничките нафтени наоѓалишта и за можниот транспорт на ирачката нафта до иранската рафинерија Абадан, се додава во соопштението.