28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФабричките нарачки во Велика Британија растат со брзо темпо

Фабричките нарачки во Велика Британија растат со брзо темпо

vbnaracki22

Фабричките нарачки во Велика Британија се зголемуваат во текот на февруари со брзо темпо во последниве две години, покажуваат податоците на Конфедерацијата на британската индустрија (CBI), цитирани од „Bloomberg“.

Извештајот наведува дека 16-процентно поевтинување на фунтата од референдумот за „Brexit“, изгледа има поголемо влијание врз инфлацијата, отколку на извозот.

Мерачот за нарачки од странство останува под нулата, а очекувањата на компаниите за цените при продажба скокаат до највисокото ниво од април 2011-та година.

Очекувањата за инфлацијата се зголемуваат најмногу опипливо кај прехранбените производи и пијалоците кои се особено чувствителни при флуктуации во девизниот курс. Овие флуктуации беа засилени уште повеќе од лошото време во Шпанија, што доведе до недостиг на основни производи како марула и тиквички во британските супермаркети.

Показателот на „CBI“ за нарачките во индустријата се зголемува четврт последователен месец до 8 поени, што е највисока вредност од февруари 2015-та година. Половина од сите 18 подсектори предвидоа повисока побарувачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП