29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW открива нова класа на автомобили

BMW открива нова класа на автомобили

nova klasa 33

Компанијата „BMW“ го создаде сегментот на купе-кросовери, откако на пазарот го пушти моделот „X6“. На Германците очигледно им се допаѓа да бидат пионер во дадена насока и сега подготвуваат нешто слично.

На автосаемот во Франкфурт наесен тие ќе го претстават првиот во светот електричен спортски хечбек.

Моделот ќе го носи името „BMW i3S“, а ќе претставува доработена варијанта на сегашната „i3“. Електромоторот ќе продолжи да биде одговорен за погонот на задните тркала, но силата ќе биде зголемена. Во моментов „BMW i3“ се потпира на 170 КС и 250 Нм, но се очекува кај верзијата „iS“ моќноста да биде од околу 185 КС.

На овој начин новата верзија на електричниот модел ќе може да се натпреварува со автомобили како „Ford Fiesta ST“, кој развива 180 КС. Овој хечбек забрзува од 0 до 100 км/ч за 6,9 секунди, а се очекува и „BMW i3S“ да го постигне истиот резултат (кај сегашниот „i3“ оваа вежба трае 7,3 секунди).

Истовремено со „BMW i3S“ баварците ќе покажат и редизајн на стандардниот модел. Кај него промените ќе влијаат врз светлата и браниците, како и опремата во која ќе биде вклучен нов мултимедијален систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП