19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКои се вашите силни страни?

Кои се вашите силни страни?

bigstock-Image-of-strong-businessman-li-50589056

За да станете одличен бизнис лидер откријте ги вашите силни страни и таленти и развивајте ги повеќе. Вашите силни страни се клуч за вашиот успех во бизнисот што го водите. Кога ги правите работите во кои што знаете дека сте добри, вашата бистрина доаѓа на виделина.

Набљудувајте ги знаците на возбуда. Кога сте ангажирани во работа во која сте навистина добри: вашите зеници се шират, брзо и течно зборувате, подлабоко дишете и повеќе гестикулирате со рацете.

Избегнувајте ги работните титули. За да си ги откриете дарбите треба да истражите нови улоги на работното место. Замислете дека вашата компанија е лабараторија, експериментирајте и видете каде најмногу добивате резултати. Гледате дека некој од вашиот работен тим сака повеќе креативност и иновативност во работата, дозволете му да експериментира. Најдете ги сите силни страни на вашите вработени и дајте им простор да ги развијат и така ќе изградите одличен тим. Да речеме ви сте шефот на едно претпријатије за графички дизајн, вашиот веб дизајнер треба да ви изработи една тема, доколку тој ви рече дека таа нијанса и боја што ја сакате да стои на главната страна не одговара послушајте го, тој сепак најдобро знае, не барајте по секоја цена да биде вие како што сте замислиле.

Откријте што правите поразлично од останатите. Во ситуации каде што навистина ги користите вашите силни страни веднаш ќе се издвоите од останатите. Вашиот пристап ќе биде уникатен.

Опишете ги креативно вашите силни страни. Не ги користете зборовите: страсен, посветен. Наместо тоа измислите нов збор, уникатен термин за вашата специфична способност што ја поседувате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП