29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSony го подготвува Xperia ZR

Sony го подготвува Xperia ZR

SonyXperiaZ-1024x549

„Sony“ продолжува во својата трка да ја заземе секоја буква од азбуката за своите уреди, па така најновиот телефон ќе го нарекува „Xperia ZR“.

Станува збор за варијација на моделот „Xperia Z“ со 720p (1280 x 720) екран од 4.6-инчи.

Новиот уред ќе работи на 1.5GHz quad core Qualcomm процесор, а ќе поседува и 2GB RAM, Exmor RS камера од 13 мегапиксели, microSD слот, интерна меморија од 8GB  и батерија од 2.300mAh.

Кога процесорот е во прашање не е назначено дали „Xperia ZR“ ќе го поседува S4 Pro или најновата серија 600.

Новиот телефон исто така ќе биде отпорен на вода, а добиените оцени се дури поголеми од оние кои ги доби моделот „Xperia Z“.

Од „Sony“ се уште не го прецизираа датумот на лансирање, а се очекува дизајнот на новиот уред да биде идентичен со оној на моделот „Xperia Z“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП