25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИKraft Heinz се откажа од превземањето на Unilever

Kraft Heinz се откажа од превземањето на Unilever

kraft-heinz-unilever

Американската прехрамбена компанија Кraft Heinz, соопшти дека го откажала планот за превземање на британско-холадскиот гигант Unilever.

Unilever, во петокот, ја одби понудата на Kraft Heinz вредна 143 милијарди американски долари, односно 50 долари по акција, оценувајќи дека понудената сума не им носи никаква финансиска и стратешка вредност.

Иако се очекуваше од американската компанија на британско-холандскиот конзорциум да му понудат поголем износ, во понеделникот, во заедничко соопштение е објавено дека прегворите нема да продолжат.

Двете страни наведоа дека меѓусебно се почитуваат, но и дека Kraft Heinz ја почитува културата, стратегијата и раководната структура на Unilever.

Поврзувањето на тие две мултинационални компании ќе преставуваше една од најголемите трансакции во историјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП