23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЦената на Opel изнесува 2 милијарди долари

Цената на Opel изнесува 2 милијарди долари

peugeot-opel002

„General Motors“ и „PSA Group“ преговараат за продажба на „Opel“/ „Vauxhall“ при цена од околу 2 милијарди долари, пишува „Bloomberg“, повикувајќи се на извори кои се запознаени со преговорите. И двете компании се надеваат дека ќе го завршат договорот најдоцна до идниот четврток.

Околу половина од таа цена ќе биде платена во готово, а остатокот во форма на пренесени обврски и компензација за патентни права. Меѓу „GM“ и „PSA“ има начелна согласност за главните точки, предизвикот сега е да се најдат начини за намалување на трошоците, кои ќе ги задоволат синдикатите и владите во Франција, Германија и Велика Британија – трите главни производствени бази на „Peugeot“ и „Opel“. Двете компании имаат соодветно 184.000 и 34.500 работници.

За да го смири отпорот против договорот, особено од политичките кругови во Берлин, главниот извршен директор на „PSA“, Карлос Таварес уверил дека планира да го задржи „Opel“ како германска компанија, без да се менува сегашната структура на управување.

Колешката од „GM“, Мери Бера пак е во посета на Германија, за да се сретне со синдикалните лидери. Синдикатите во „Opel“ одамна агитираат „GM“ да ја продаде компанијата и во 2009-та речиси беше договорена ваквата зделка со поддршка на Ангела Меркел, но „GM“ се предомисли во последен момент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП