28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо Кина робот започна да патролира на железничка станица

Во Кина робот започна да патролира на железничка станица

kina robot335

На железничката станица за брзи возови во градот Женгжу, во кинеската покраина Хенан, од петокот првпат започна да патролира полицаец робот.

Роботот може да ја обезбедува територијата без помош на човек, со скенирање и препознавање на лицата на патниците. Може, исто така, да одговара на прашањата на патниците, да го скенира нивото на температурата и да предупреди на евентуален пожар.

Роботот во текот на една седмица ќе биде тестиран, а потоа постојано ќе дежура во ноќните смени, кога фреквенциите на патниците се помали.

Во прилогот на агенцијата China News Service се содржат фотографии на црно-бел робот со височина малку помала од просечен човечки раст кој се движи на тркала, опремен со мноштво сензори.

Кон крајот на септември 2016 година, на терминалот 3 на аеродромот во кинескиот град Шенжен започна да патролира роботот со ознаката AnBot. Тој е висок, 1,49 метри и тежок 78 килограми, а неговата максимална брзина е 18 километри на час. Тој е опремен со четири камери со висока резолуција и може да ги препознава лицата на патниците. Снимките од лицата на патниците потоа ги препраќа на обезбедувањето на аеродромот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП