18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДа се зголеми учеството на жените лидери во бизнисот и во политиката

Да се зголеми учеството на жените лидери во бизнисот и во политиката

zeni lideri 2

Во сабота во Скопје се одвива вториот ден од Глобалниот самит на жени лидери 2017 GWLS.

Во рамки на Глобалниот Самит на жени лидери 2017, во организација на Сојуз на стопански комори на Македонија, Асоцијација на бизнис жени како и Светската бизнис организација Македонија беше истакнато дека жените во Македонија напредуваат во однос на намалување на јазот во родовата еднаквост, но тие не успеваат да стигнат до клучните позиции во општеството.

Според претседателот на Сојузот, Данела Арсовска, во приватниот сектор, дефинитивно жените не се доволно застапени на раководни позиции.

„За разлика од квотите кои постојат во политиката и јавниот сектор, во приватниот сектор нема загарантирани квоти и секој треба да се избори на пазарот согласно својата компетентност и квалитет, постои нерамноправна борба бидејќи да бидеш еднаков значи да постојат еднакви можности за развој. И покрај тоа што жените се храбри и смели на раководните функции не се доволно застапени, пред се поради стереотипите и недоволната свесност во Република Македонија. Потребно е да се изнајдат начини како да се поттикнат и поддржат жените да стапат на раководни функции, и зошто да немаме во блиска иднина жена на највисоките позиции како Премиер или Претседател на Република Македонија“, рече Арсовска.

За квотите во политиката говореше и Радмила Шекеринска, заменик-претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

„Македонското собрание има повеќе од 33 отсто жени, за мене е и личен и женски пораз што бројката на жени во македонската влада не мрдна од три од вкупно 26 министерски позиции. Тоа е крупна критика која треба како општество да си ја упатиме и можеби не е за очекување набрзо да видиме први жени на највисоки позиции во Република Македонија. Ние имаме квоти имаме повеќе жени, но се уште немаме гласност, заради тоа што години по ред Македонија никако да ја ратификува Истанбулската конвенција. Сакам да потенцирам дека и квотата што ја промовирав во Социјалдемократската младина и таа на листите значеше дека речиси и да нема кандидат за советник, пратеник, министер жена за кој што не сум се борела силно, затоа што верувам дека се соочуваме со поголеми проблеми. Ако некој мисли дека проблемите ни се исти, не, не ни се исти со мажите. Имам анализа која покажува колку и ден денес медиумите се побезмилосни кога третираат жени, не само во политика, туку и жени на истакнати позиции, колку се покритични, се уште, и покрај тоа што сметаме дека сме промениле многу работи“, рече Шекеринска.

Пред уставот и законите мажите и жените се еднакви, меѓутоа на терен бројките се поинакви, потребно е да се зголеми свеста за еднаквите можности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП