28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМонета продадена за 3,1 милиони долари

Монета продадена за 3,1 милиони долари

moneta1

Ретка монета стара 100 години, за која едно време се мислеше дека е лажна, продадена е на аукцијата во Чикаго за 3,1 милион долари.

Станува збор за монта од пет центи со главата од Кипoт на слободата, таа е само една од петте кои постојат во светот, од кои две се во музеј, а три во приватни збирки.

Монетата е пронајдена во уништен автомобил, чиј сопственик загинал во сообраќајна несреќа во 1962 година. Во автомобилот била пронајдена монетата која подоцна била вратена на неговото семејство, а кога тие ја испратиле во аукциска куќа, од таму им била вратена со објаснување дека е лажна.

Монетите од пет центи со главата од Кипот на слободата се изработени од 1883 до 1912 година, а подоцна биле заменети со монети со слика од бизон.

Продадената монета е една од петте монети кои се направени на крајот од 1912 година во Филаделфија. Се верува дека тие се дело на Самуел Браун, еден од работниците во кованицата за пари, кој на нив ставил лажен датум од 1913 година.

Рекордот на аукциите му припаѓа на златникот од 20 долари од 1933 година, кој е познат како „Двоглавиот орел“, кој е продаден за осум милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП