29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHTC веќе нема да прави евтини телефони

HTC веќе нема да прави евтини телефони

evtin htc33

„HTC“ соопшти дека ќе продолжи да ги поддржува своите пристапни телефони кои веќе се наоѓаат на пазарот, но дека во иднина ќе прави само скапи уреди со најнапредни спецификации.

Ова не е прв пат тајванската компанија да најави намалување на производството на паметни телефони. Во текот на 2012-та година „HTC“ најави намалување на производството на евтини смартфони со цел да се фокусира на поскапите модели.

Во текот на 2017-та, компанијата ќе претстави шест или седум уреди.

Два веќе се најдоа на пазарот и претставуваат поскапи верзии, особено кога станува збор за „U Ultra“ (повеќе од 700 долари), додека „U Play“, иако „евтин“, веројатно ќе чини повеќе од 400 долари.

Со други зборови, доколку оваа година имавте во план да купите нов евтин уред на „HTC“, може да го побарате кај некој друг производител.

Од друга страна, еден од најголемите проблеми на „HTC“ е токму високата цена на некои уреди, а многумина експерти сметаат дека таквата политика, компанијата ја доведува во тешка позиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП