24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAccenture ќе отвори 15.000 работни места во САД

Accenture ќе отвори 15.000 работни места во САД

accenture343

Компанијата за услуги во областа на информатичката технологија „Accenture“ изјави дека ќе создаде 15.000 работни места во САД. Сето ова се случува во момент во кој фирмите од индустријата размислуваат за протекционистичката американска политика за визите, предводена од претседателот Доналд Трамп, пренесува „Ројтерс“.

Компанијата е со седиште во Даблин, Ирска, но поголемиот дел од нејзините 380.000 вработени работат во Индија.

Компаниите за „IT“ услуги се во центарот на вниманието, откако Доналд Трамп изјави дека неговата администрација ќе се фокусира на создавање на повеќе работни места за американските работници, кои се погодени од „аутсорсингот“ на работни места во странство.

Големите компании од индустријата, особено оние базирани во Индија, користи „H-1B“ визи, за да насочуваат инженери кон САД, кои имаат задача да им служат на клиенти, но некои противници тврдат дека се злоупотребува програмата и се нанесува штета на американските работни места.

Од „Accenture“ објавија дека ќе инвестираат 1,4 милијарди долари, за да обучат вработените и ќе отворат 10 центри за иновации во американски градови.

Со новите работни места ќе се зголеми работната сила на компанијата во САД со 30% до над 65.000 службеници до крајот на 2020-та година, објави компанијата.

Американскиот бизнис донесе 46% од годишните приходи на фирмата за фискалната година која заврши на 31-ви август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП