29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да се заштитите од љубоморните колеги?

Како да се заштитите од љубоморните колеги?

jealous

Не претерувајте со фалењето на себеси, бидете тимски играч. Не возвраќајте со иста мера, а помошта од шефот побарајте ја кога однесувањето на љубоморниот колега ја преминува секоја граница.

Дури 77 проценти од луѓето доживеале некој вид на љубоморен испад на работното место, покажа неодамнешното истражување. Иако жените се прилично повеќе љубоморни на атрактивните колешки, мажите не се замараат со машките колеги. Меѓутоа, и двата пола, како што покажува истражувањето, подеднакво им завидуваат на успешните колеги на работа.

Љубомората е страв дека ќе загубиме некого или нешто, во овој случај станува збор за загрозеност на работното место, а предизвикана е пред се од несигурноста. Таквите колеги лесно се препознаваат, бидејќи тие постојано чекаат прилика да ја направите дури и најмалата грешка за да можат да ве понижат. Затоа потрудете се да изградите однос со другите колеги и бидете тимски играч, на кој секогаш ќе можат да се потпрат.

Љубоморниот колега може да ве озборува зад грбот, но ќе го надвладее вашата колегијалност со другите колеги, велат експертите. Исто така, игнорирајте ги таквите колеги бидејќи љубоморните луѓе се арогантни и кога ќе почувствуваат дека другиот е послаб, целата ситуација си ја превртуваат во своја корист. Не враќајте со иста мерка, дури и кога ви е многу тешко. Наместо тоа, согледајте ја ситуацијата од нивна страна, ставете се во нивна кожа и обидете се да им помогнете.

Доколку таквото однесување ја премине секоја граница, поразговарајте со надредените или побарајте совет од нив, со тоа ќе ја истакнете професионалноста.

Сепак, внимавајте и вие, претераното фалење на самиот себеси може да предизвика завист кај другите. „Кога некој добро ќе ја обави работата, пофалете го, бидејќи сите сте заслужни за успехот на компанијата“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП