29 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 18-19.02.2017

Викенд хороскоп 18-19.02.2017

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Нетрпеливоста ќе ве охрабри да преземете акција, при што ќе бидете доста непромислени, а грешките во чекори може да ви ја намалат вредноста на постигнатите резултати. Нешто во вас ќе ја потенцира важноста на меѓучовечките односи и ќе ве поттикне да ги видите направените грешки.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Наместо да бидете опколени со луѓе кои шират негативна енергија, оттргнете се од сите и останете во својот дом посветувајќи си време само на себе. Бидете што повеќе физички активни и со тоа ќе се чувствувате подобро.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Настаните овој викенд нема да се движат во посакуваниот правец, но сепак вие ќе умеете добро да се снаоѓате во различните услови на работен план. Ќе умеете да го наметнете своето мислење и да си создадете свои услови. Вашиот партнер често го менува своето мислење и на тој начин кај вас предизвикува нервоза.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Полни сте со енергија и доколку не успеете да ја трансформирате или употребите ќе бидете во голема неволја. Ќе се обидете на насилен начин да го добиете она што го сакате и доколку наидете на препреки ќе размислувате во погрешна насока.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Со пријателите ќе ги поминувате слободните моменти. Тие умеат да ви помогнат за да ги заборавите проблемите особено оние кои се однесуваат на вашето здравје. Слабата точка на организмот е стомакот. Не е ништо алармантно, но сепак внимавајте што јадете.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Тешко се носите со критиките и не сте секогаш реални. Секогаш околу вас се многу заинтересирани лица и можноста да стапите во некоја врска, но на вас постојано нешто ви недостасува. Немате желба да си помогнете на себе си, а не се чувствате добро.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

На најдобар начин користете ги своите генијални особини. Ви паѓаат на памет луди идеи, фантазијата е богата, а, сепак, одлично функционирате. Некого очајно сакате да видите, ќе направите се за да воспоставите контакт.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Парите многу добро ќе се вклопат во вашите планови околу домот. Имате многу добри идеи и време е да почнете да ги спроведувате. Размислете околу финансиската конструкција.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Сте се ускладиле со средината што значи дека сте успеале да најдете сопствен мир. Многу припадници на овој знак ги очекува некакво патување во странство, а некои пак размислуваат за стручно усовршување. Во целост уживате во сите животни сфери.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Не успевате да се навикнете на новонастанатите околности во вашето опкружување. Ве очекува вистинска љубов. Немојте да ја искоцкате. Избегнувајте го никотинот и внимавајте при консумацијата на лекови.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе бидете опкружени со луѓето кои ги сакате. Ќе јадете неконтролирано иако сте си ветиле на самите себе дека ќе бидете на диета. Ве очекува финансиска добивка која набрзина ќе ја потрошите. Ќе добиете вести од странство од некоја ваша драга личност.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ве очекува голема забава овој викенд. Но, сепак, бидете внимателни и не претерувајте со алкохолот. Доколку овие два дена треба да донесете некои важни одлуки, донесете ги стабилно и решително.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП