25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Зошто победата на Марин Ле Пен може да се...

График на денот: Зошто победата на Марин Ле Пен може да се одрази лошо на Русија?

russ le pen 00

Партијата на екстремнодесничарскиот кандидат за претседател на Франција, Марин Ле Пен доби средства од руска банка и се одразуваат доста позитивно во државните руски медиуми. Дали тоа значи дека Кремљ навистина сака таа да биде избрана? Не е задолжително, коментира „Bloomberg“.

Ветувањето на Ле Пен да ја извади Франција од еврозоната – што може да ја подели европската единствена валута, може да ја уништи и економијата и финансиската стабилност на Русија.

Странски девизни резерви

russ le pen 011

Русија држи речиси 40% од странските девизни резерви во евра. Претседателот Владимир Путин изјави во септември во интервју за „Bloomberg“ дека тоа значи дека неговата земја „не е заинтересирана за колапс на еврозоната“.

Инвестиции во еврозоната

russ le pen 022

Русија инвестира и десетици милијарди евра во Европа во различни сектори – од телекомуникации до енергетика и услуги. Дел од овие инвестиции вклучуваат како телекомуникациска компанија од 22 милијарди евра, сопственост на инвестициската компанија „LetterOne“ на Михаил Фридман, како и удел од 1,7 милијарди евра во најголемиот туристички оператор во Европа „Tui“.

Трговски партнери

russ le pen 033

28-члената Европска унија продолжува да биде најголемиот трговски партнер на Русија и покрај намалувањето на трговијата во последниве години како резултат на најдолгата рецесија во Русија по повеќе од две децении и санкциите наметнати поради мешањето во Украинскиот конфликт. Извозот на Русија кон еврозоната е во вредност од 91 милијарди долари и е речиси 4 пати поголем од оној на Кина и речиси 11 пати поголем од рускиот увоз во САД.

Странски инвестиции

russ le pen 044

Русија смета на 19-члената еврозона за 70% од директните странски инвестиции, предводени од влезните протоци од Кипар, Луксембург и Холандија, кои се проводници на руски пари.

Русија очигледно е заинтересирана за зајакнување на поддршката за кандидатурата на поранешниот премиер Франсоа Фијон, но трпи негативни критики од скандалот околу државната позиција на сопругата. Неговиот конкурент Емануел Макрон оваа недела ја обвини Русија за интервенција на француските избори, претставувајќи лажни вести преку медиумите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП