20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкцијата на НЛБ Банка на врвот по прометот во последниот трговски ден...

Акцијата на НЛБ Банка на врвот по прометот во последниот трговски ден неделава

mk berzat99

Вкупно 215 акции од НЛБ Банка по просечна цена од 10.353,49 денари беа истргувани во петокот, со што беше остварен вкупен промет од 2.226.000 денари и раст на акцијата од 1,85 отсто.

Со овој промет акцијата се позиционира на првото место по остварен промет во денешниот ден со процент на учество од 35,59 отсто.

Вчера на листата на губитници највисокото место го зазеде акцијата на Топлификација АД Скопје со пад од 6,69 отсто и просечна вредност на акцијата од 951 денар.

Веднаш зад неа се рангираа акциите на Адинг АД Скопје со пад од 2,93 отсто и просечна вредност на акцијата од 728 денари и приоритетната акција на Стопанска банка АД Скопје со пад од 2,92 отсто.

Индексот МБИ-10 неделата ја заврши во негатива за 0,34 отсто, вредност 2.292,48 индесни поени, а ОМБ на позитивна нула односно 0,02 отсто.

Последниот трговски ден седмицава заврши со вкупен промет од околу 6,2 милиони денари реализирани преку 53 трансакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП