28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСимфониски концерт за деца на Македонската филхармонија

Симфониски концерт за деца на Македонската филхармонија

makedonskaFilharmonija

Македонската филхармонија денес напладне во Домот на АРМ ќе одржи атрактивен симфониски концерт за деца.

Овој пат концертот е насловен „Сонот на вештерката“ и ќе донесе возбудливи мигови за најмладите. Диригент е маестро Борјан Цанев, а аниматор ќе биде омилениот актер на децата, Мартин Јордановски.

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе изведе дела од Григ, Дворжак, Сен-Санс, Штраус…

„Сонот на вештерката“ ќе донесе многу изненадувања и преку музика ќе ја раскаже приказната за една добра вештерка која што сонувала сите да ја сакаат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП