29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLidl се шири на американскиот пазар

Lidl се шири на американскиот пазар

lidl3003

Германскиот синџир на супермаркети „Lidl“ ова лето ја отвора својата прва продавница во САД порано од предвиденото, соопшти „Ројтерс“, повикувајќи се на соопштение од компанијата. „Lidl“ планира да отвори до 100 објекти во рок од една година.

Синџирот планира да ги отвори своите први 20 продавницата во Вирџинија, Северна и Јужна Каролина.

„Lidl“ управува со над 10.000 објекти во 27 земји во Европа и во моментов вработува персонал во САД. Порано не се очекуваше првата продавница во САД да биде отворен пред крајот на 2017-та година или почетокот на 2018-та година.

Германскиот конкурент на „Lidl“ – „Aldi“ го отвори својот прв објект во САД во 1976-та година, денес има 1.600 продавници и продолжува да расте брзо со своите брендови „Aldi“ и „Trader Joe’s“.

„Ројтерс“ наведува дека „Lidl“ и „Aldi“ веќе го потресоа британскиот сектор на синџири на супермаркети, така што вршат притисок врз локалните компании да ги намалат цените.

„Lidl“ e базирана во Некарсулм, јужна Германија и во годината што завршува на крајот на февруари 2016-та година, има продажба во вредност од 64,6 милијарди евра. Концернот е во сопственост на Дитер Шварц, кој е најбогатиот Германец во бројни меѓународни листи и е син на основачот на „Lidl“, Јозеф Шварц.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП