28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel ги објави цените на новата Insignia

Opel ги објави цените на новата Insignia

kk3

Германскиот производител „Opel“ најави почеток на продажбата на предводникот „Insignia“. Таа започнува на 20-ти февруари, а веќе се јасни цените кои ќе се нудат лимузината и караванот на пазарот во Германија.

Модификација со 4 врати „Opel Insignia Grand Sport“ ќе може да биде купена за 25.940 евра, додека стартната цена на караванот „Insignia Sports Tourer“ е 26.940 евра. Двете варијанти на почетокот ќе се продаваат со избор од 3 бензински и 3 дизел мотори.

Основната верзија на предводникот на „Opel“ ќе биде достапен со 1,5-литарски бензински алуминиумски турбомотор во две варијанти со моќност од 140 КС (250 Нм) и 165 КС, чиј вртежен момент не се открива. Топ-варијантата ќе се потпира на 2.0-литарски турбомотор со 260 КС и 400 Нм.

Дизел палетата вклучува 1,6 литарски агрегат, достапен како со моќност од 110 КС, па и со 136 КС. Другата можност е 2,0-литарски мотор кој развива 170 КС.

Целосниот ценовник и нивоата на опрема ќе бидат откриени на почетокот на продажбата на 20-ти февруари. За споредба на пазарот во Германија еден од главните конкуренти – „Ford Mondeo“, започнува од 25.990 евра, а друг сличен модел – „Mazda 6“ од 25.890 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП